Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на
www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации 54
Опис на производот 56
Контролна табла 57
Прва употреба 61
Персонализација 61
Секојдневна употреба 61
Помошни напомени и совети 65
Програми за перење 67
Нега и чистење 71
Што да сторите ако... 74
Технички податоци 77
Потрошувачки вредности 77
Монтажа 78
Поврзување на струјата 81
Еколошки прашања 81
Можноста за промени е задржана
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
ВАЖНО Внимателно прочитајте и
чувајте за идни потреби.
• Безбедноста на вашиот уред
одговара на индустриските стандарди
и на законските барања за
безбедноста на уредите. Сепак, како
производители, сметаме дека наша
должност е да ги дадеме следниве
безбедносни напомнувања.
• Многу е важно, ова упатство да
остане заедно со уредот за идни
потреби. Доколку уредот се
продаде
или пренесе на друг сопственик или
се преселите и го оставите уредот,
внимавајте упатството секогаш да
биде со него, за да може новиот
сопственик да се запознае со
функциите и со важните
предупредувања.
• МОРА да ги прочитате внимателно
пред да го инсталирате или
користите уредот.
• Пред првото пуштање, проверете да
не дошло до
оштетување на
машината во текот на транспортот.
Никогаш не поврзувајте оштетена
машина. Доколку има оштетени
делови, обратете се кај Вашиот
продавач.
• Ако уредот се испорачува во
зимските месеци, кога температурите
се под нулата: чувајте ја машината за
перење 24 часа на собна
температура, пред првпат да ја
користите.
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
• Опасно е да ги менувате
спецификациите
или да се обидувате
да го модификувате овој производ на
кој било начин.
• Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
• Уверете се дека мали миленичиња и
деца нема да се качат во барабанот.
За да го избегнете ова, проверете го
барабанот
пред употреба.
• Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење
или друг тврд, остар материјал, може
да предизвикаат големо оштетување
и не смеат да се ставаат во
машината.
• Користете само препорачани
количини омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да
предизвикате оштетување на
ткаенината. Погледнете ги
количините, кои ги препорачува
производителот.
• Перете ги малите предмети,
како
чорапи, врвки, колани итн., во
вреќичка за перење или во навлака
за перница, бидејќи е можно тие да
се протнат помеѓу коритото и
внатрешниот барабан.
• Не користете ја машината за перење
на предмети со фишбајн, непорабен
или искинат материјал.
54 electrolux
Comments to this Manuals