Electrolux EDP2074PDW User Manual Page 17

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 16
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
Овој апарат може да го користат деца на
возраст од 8 години и постари и лица со
намалени физички, сетилни или ментални
способности или со недостаток на искуство
и знаење доколку ги надгледува или им
дава инструкции за работата на апаратот
лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од
дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата на
апаратот кога е отворена.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без
надзор.
1.2 Монтажа
Извадете ја целата амбалажа.
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
Проверете дали подот на кој го монтирате
апаратот е рамен, стабилен, отпорен на
топлина и чист.
Не го монтирајте и не го употребувајте
апаратот онаму каде што температурата е
под 5°C или повисока од 35°C.
Не го монтирајте уредот зад заклучена
врата, лизгачка врата или врата со шарки
на спротивната страна, каде вратата на
уредот не може потполно да се отвори.
Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Секогаш преместувајте го апаратот
вертикално.
Задната површина на апаратот мора да се
постави кон ѕидот.
Проверете дали има циркулација на
воздухот меѓу апаратот и подот.
Уверете се дека теписонот не ги попречува
отворите за вентилација кои се наоѓаат во
основата на апаратот (ако е применливо).
Издувниот воздух не смее да биде
испуштен во оџак кој се користи за
издувните гасови кои доаѓаат од
запаливиот гас или од други горива.
Ако машината за сушење е ставена врз
машината за перење, користете го
приборот за местење. Комплетот за
наддавање, достапен кај вашиот овластен
продавач, може да се користи само со
уредот наведен во упатството испорачано
со приборот. Прочитајте го внимателно
пред монтажата (погледнете во летокот за
монтажа).
Уверете се дека имате добро
проветрување во собата каде што е
машината за да избегнете враќање на
гасовите од други апарати што горат
различно гориво, вклучувајќи и отворен
оган.
Апаратот може да се постави самостојно
или под кујнска работна површина со
правилен простор (погледнете во летокот
за монтажа).
Кога апаратот е поставен во неговата
постојана позиција, проверете дали е
целосно порамнет со помош на либела. Ако
не е, прилагодете ги ногарките додека не
се порамни.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информациите за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓаат со
МАКЕДОНСКИ 17
Page view 16
1 2 ... 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments