Electrolux EDC77570W User Manual Page 52

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 84
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 51
Облека што била во допир со запаливи
нафтени производи не смеат да се
сушат во машина за сушење. Доколку
користите испарливи течности за
чистење, треба да внимавате да ја
отстраните течноста од облеката пред
да ја ставите во машината.
Никогаш не влечете го кабелот за да
го извлечете приклучокот од
штекерот; секогаш фаќајте го самиот
приклучок.
Не користете ја машината за сушење
ако кабелот за струја, контролната
табла, работната површина или
основата се оштетени така што
внатрешноста на машината е
пристапна.
Омекнувачите за ткаенини и сличните
производи треба да се користат како
што е определено во упатството на
омекнувачот.
Внимание - жешка површина : Не
допирајте ја покривната површина на
светлото на вратата кога светлото е
вклучено.
(Само за машините за сушење
опремени со внатрешно светло во
барабанот)
Безбедност на децата
Машината не е наменета да ја
употребуваат мали деца или слаби
лица без надзор.
Децата често не ги познаваат
опасностите поврзани со
електричните апарати. Децата треба
да се под надзор за да не си играат со
апаратот.
Компонентите од амбалажата (на пр.
пластична фолија, стиропор) може да
бидат опасни за децата - опасност од
задушување! Чувајте ги подалеку од
досегот на децата.
Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место, подалеку од досегот на децата.
Внимавајте деца или галеничиња да
не се качат во барабанот.
Екологија
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Еколошки совети
Алиштата стануваат растресити и
меки во сушалната. Затоа не се
потребни омекнувачи за ткаенините
што се перат.
Сушалната ќе функционира
најекономично ако:
Внимавате отворите за
проветрување на основата на
сушалната да се непопречени;
Ги користите препораките за
количеството алишта одредени во
прегледот на програмите;
Внимавате да има добро
проветрување во просторијата;
Ги чистите микро-филтерот и
филтерот за влакна по секое
сушење;
Ги центрифугирате алиштата добро
пред сушењето.
Потрошувачката на енергија зависи
од брзината на центрифугата во
машината за перење. Побрзо
центрифугирање - помала
потрошувачка на енергија.
Еколошки упатства
Материјалите за пакување се еколошки
и може да се рециклираат. Пластичните
делови се идентификуваат по ознаките,
на пр. >PE<, >PS<, итн. Фрлајте ги
материјалите за пакување во соодветен
контејнер на местата за фрлање
комунален смет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Кога веќе не се
користи апаратот:
Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
Исечете ги кабелот и приклучокот
и фрлете ги.
Фрлете ја бравата на вратата. Тоа
ќе спречи евентуално затворање
на деца внатре и загрозување на
нивниот живот.
52 electrolux
Page view 51
1 2 ... 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 ... 83 84

Comments to this Manuals

No comments