Electrolux EOB9956XAX Recipe Book Page 29

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 28
12. МЕНИ ЗА ГОТВЕЊЕ
12.1 Мени на пареа 1:
За 4-6 лица.
Свинска плешка со ориз и зеленчук.
Парена капучино торта за десерт.
Состојки за свинското:
1000 g свинска плешка
сол, црн пипер, црвен пипер и кари
во прав
Состојки за оризот:
200 g ориз
малку сол
250 ml вода
Состојки за зеленчукот:
300 g моркови
300 g келераба
300 g карфиол
200 g пиперки
Состојки за капучино торта:
100 g омекнат путер
90 g шеќер
2 жолчки
семки од едно стапче ванила
2 супени лажици инстант кафе
(растворено во 50 ml жешка вода)
2 белки
50 g брашно
50 g пченкарно брашно
1/2 кафена лажичка прашок за
печиво
Метод:
Зачинете го свинското со сол, црн
пипер, црвен пипер и кари во прав,
запржете го добро од сите страни на
рингла и ставете го во огноотпорен
сад. Ставете го на една од решетките
во рерната и вклучете ја програмата.
Ставете ориз, малку сол и вода во
сад. Подгответе ја парената капучино
торта. Изматете ги заедно путерот и
шеќерот. Во оваа мешавина додајте ги
жолчките од јајца, семето од ванила и
кафето. Изматете ги белките од
јајцата со два прстофата сол додека
не се стврднат. Потоа внимателно
додајте го брашното, пченкарното
брашно, прашокот за печиво и
изматеното јајце во мешавината со
путер. Ставете ја мешавината во мали
чиничиња или чаши кои претходно сте
ги намачкале со путер. Подгответе го
зеленчукот. Исчистете ги морковите и
исечете ги на стапчиња. Исчистете го
кромидот и исечете го на стапчиња.
Исчистете го карфиолот и поделете го
на цветчиња. Измијте ги пиперките,
извадете го семето и исечете ги на
ленти. Ставете сѐ заедно во сад на
пареа.
Подготовка:
После 40 минути, додајте ги
подготвените јадења во рерната со
свинската плешка и продолжете да
готвите уште 40 минути. Соковите од
месото во јадењето се многу добри за
подготвување вкусен сос со кисела
павлака или вино.
Време во апаратот (мин): 40
Ниво на решетка: 1 + 4
12.2 Мени на пареа 2:
За 4-6 лица.
Варени пилешки гради со ориз и
зеленчук и тесто од карфиол. Ванила
колач со јагоди за десерт.
Состојки за полнење на пилешките
гради:
4 - 6 филети од пилешки гради, без
коски
сол, црн пипер, црвен пипер и кари
во прав
Состојки за тестото со карфиол:
300 g карфиол
50 g тврдо сирење, рендано
2 јајца
50 ml слатка павлака
сол, мускатно оревче
путер за премачкување на садовите
Состојки за оризот:
200 g ориз со долго зрно
50 g див ориз
сол, црн пипер
400 ml бујон
1 мала црвена пиперка
1 мала конзерва слатка пченка (150
g)
МАКЕДОНСКИ 29
Page view 28
1 2 ... 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36

Comments to this Manuals

No comments