Electrolux ERN29601 User Manual Page 19

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 60
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 18
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
ВАЖНО Ако околната температура е
висока или апаратот е целосно
наполнет, а апаратот е поставен на
најниската температура, може да работи
непрестано што ќе предизвика да се
формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави на
повисока температура за да се овозможи
автоматско одмрзнување, а со тоа и
помала потрошувачка на енергија.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување
смрзната и длабоко-смрзната храна
подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е
неопходно да ја менувате средната
поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете
го регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
ВАЖНО Во овие услови, температурата
на комората на фрижидерот може да
падне под 0°C. Ако дојде до тоа, вратете
го регулаторот за температура на
помала поставка.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горната комора.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите
фиоки и корпи од апаратот и ставете ја
храната на полици за ладење за да
добиете најдобри перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте
храната да не го надмине
граничникот за полнење што се
наоѓа горе отстрана (каде што го
има)
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Календар за смрзнување
Симболите прикажуваат различни
видови смрзната храна.
Броевите укажуваат на времето за
чување во месеци за соодветниот вид
смрзната храна. Дали ќе важи помалата
или поголемата вредност на покажаното
време за чување зависи од квалитетот
на храната и од обработката пред
мрзнењето.
electrolux 19
Page view 18
1 2 ... 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 ... 59 60

Comments to this Manuals

No comments