1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Општа безбедност
• Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство
и за други слични примени, како на пр.:
– фарми; кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
– од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместување на база спиење со појадок и друг
вид на сместувачки објекти.
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Водениот притисок кој што е во употреба
(минимален и максимален) мора да биде помеѓу
0.5 (0.05) / 8 (0.8) bar (Mpa)
• Исполнете го максималниот број на 13 поставки за
маса.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Ставете ги ножевите и приборот со остри врвови
во корпата за приборот за јадење со врвовите
надолу или во хоризонтална положба.
• Не ја чувајте вратата на апаратот отворена без
надзор за да спречите да не паднете врз неа.
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
откачете го кабелот од штекерот за струја.
• Не користете воден спреј и пареа за чистење на
апаратот.
www.electrolux.com20
Comments to this Manuals