11. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
11.1 Вклучување на
машината
1. Ставете го приклучокот за струја
во штекерот.
2. Отворете ја славината за вода.
3. Притиснете го копчето Вклучено/
Исклучено неколку секунди за да
го вклучите апаратот.
Се огласува краток звук.
Екранот го прикажува времетраењето
на циклусот.
11.2 Полнење со алишта
1. Отворете ја вратата на апаратот.
2. Протресете ги алиштата пред да
ги ставите во апаратот.
3. Ставете ги алиштата во
барабанот, едно по едно парче.
Не ставајте премногу алишта во
барабанот.
4. Добро затворете ја вратата.
ВНИМАНИЕ!
Проверете дали некое
алиште се фатило меѓу
заптивката и вратата за да
се избегне ризик од
истекување на вода и да
се оштети алиштето.
Перењето на многу мрсни
и масни дамки може да ги
оштети гумените делови
од машината за перење.
11.3 Користење детергент и
додатоци
1. Измерете ги детергентот и
омекнувачот.
2. Ставете го детергентот и
омекнувачот во преградите.
3. Внимателно затворете ја фиоката
за детергент
ВНИМАНИЕ!
Користете само наведени
детергенти за машини за
перење алишта.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
детергентот.
1 Преграда за детергент за
фазата на предперење или
програмата за киснење (ако
е на располагање). Ставете
детергент за предперење и
киснење пред почетокот на
програмата.
2 Преграда за детергент за
фазата на перење. Ако
користите течен детергент,
ставете го веднаш пред
почетокот на програмата.
www.electrolux.com24
Comments to this Manuals