Electrolux EWX14550W User Manual Page 13

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 12
Кога ќе заврши програма
Машината запира автоматски. Три
трепкави 0.00 се палат на екранот и
контролната сијаличка на копчето 8 се
гаснат. Се огласуваат звучни сигнали.
Ако е одбрана програма или опција што
завршуваат со вода во кадата, вратата
останува заклучена како показател дека
водата мора да се испушти пред да се
отвори вратата.
Постапете на следниов начин за да ја
исцрпите водата:
1. Свртете го тркалцето на
програматорот на O .
2. Одберете програма за испуштање
вода или центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање
притискајќи го соодветното копче.
4. Притиснете го копчето 8 .
На крајот на програмата, вратата се
ослободува и може да се отвори.
Свртете го тркалцето на програматорот
на O за да ја исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
кондензација и непријатни миризби.
Подготвеност : Ако не ги извадите
алиштата во рок од 10 минути по
завршување на програмата,
заднинското светло од екранот ќе се
исклучи и ќе се активира системот за
штедење енергија. Само контролната
сијаличка на копчето 8 трепка да укаже
дека апаратот треба да се исклучи.
Уредот ќе излезе од статусот на
штедење енергија со притискање на кое
било копче и тогаш можете да поставите
нова програма за перење или да ја
исклучите машината.
Користење - сушење
Само сушење
Препорачаната тежина на полнењето
изнесува 3 kg за памук и лен, и 2 kg за
синтетика.
Забелешка! Може да сушите и до 4 kg
памучни предмети (види табела за
"Програма за сушење").
Славината за вода мора да биде
отворена, а одводното црево поставено
во мијалникот или приклучено на
одводна цевка.
1. Полнење алишта.
2. За да добиете најдобри резултати на
сушење, изберете циклус на
центрифугирање со максималната
дозволена брзина за типот на
алиштата.
3. Во одделот за сушење, на бирачот на
програми, изберете ја програмата за
сушење за памук или синтетика.
4. Ако сакате да изберете темпирано
сушење, притискајте го копчето 5 си
додека на екранот не се појави
саканото време (погледнете ја
табелата "Програми за сушење"). Со
секое притискање на ова копче,
траењето на сушењето се зголемува
за 5 минути.
Забелешка!
Траењето на програмата автоматски
ќе се зголеми за неколку минути.
5. Притиснете го копчето 8 за да ја
стартувате програмата.
Откако програмата ќе стартува,
преостанатото време се ажурира
секоја минута.
Забелешка!
Различните видови памучни
предмети (пешкири, чаршафи,
кошули и така натака) или
замотувањето на алиштата во текот
на фазата на центрифугирање,
можат да предизвикаат
нерамномерно сушење. Така, во
исклучителни случаи, при кои на
крајот од циклусот алиштата
остануваат по малку влажни,
предлагаме да ги исправите
замотаните предмети, рамномерно
да ги распоредите алиштата во
барабанот и да изберете
дополнителен циклус на сушење од
20-30 минути.
6. На крајот од програмата се огласува
ѕунење и на екранот се појавуваат
electrolux 13
Page view 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments