Electrolux EWX14550W User Manual Page 14

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 13
три "0.00" што трепкаат. Контролната
сијалица 9 е вклучена за да укаже
дека вратата е заклучена.
Последните 10 минути од циклусот на
сушење одговараат на фазата
против туткање. За ова време
вратата е заклучена, а на екранот
стојат трите нули што трепкаат "0.00".
Забелешка!
Ако сакате да ја отворите вратата
пред или за време на фазата против
туткање или ако сакате да ја
прекинете, притиснете кое било
копче или завртете го бирачот на
положбата на која било програма
(освен О ), со што вратата може да се
отвори по неколку минути
(контролната сијалица 9 се гаси).
7. Завртете го бирачот на програми на
О за да ја исклучите машината.
8. Извадете ги алиштата.
Автоматско перење и сушење (НОН-
СТОП програма)
За НОН-СТОП програмите се
препорачува тежина на полнењето од 3
kg за памук и лен, и 2 kg за синтетика.
Забелешка! Може да сушите и до 4 kg
памучни предмети (види табела за
"Програма за сушење").
Не користете уред/топче за дозирање,
кога изведувате програма на перење и
сушење.
1. Полнење алишта.
2. Додајте детергент и омекнувач.
3. Вклучете ја машината со вртење на
бирачот на избраната програма за
перење/ткаенина.
4. Изберете ја саканата опцијата со
притискање на соодветните копчиња.
Забелешка!
По можност, не избирајте брзина на
центрифугирање помала од онаа што
ја предлага уредот за да избегнете
предолго траење на сушењето, со
што ќе заштедите струја.
Во секој случај, намалувањето на
брзината на центрифугирање е
можна откако ќе го изберете
сушењето.
Најниските вредности, што можете да
ги изберете, се следниве:
- 900 врт/мин за памучни и 700 врт/
мин за синтетични ткаенини со
темпирано сушење
5. Изберете го траењето на сушењето
со притискање на копчето 5 . На
екранот се прикажуваат целокупното
траење на перењето и на избраниот
циклус на сушење.
6. Стартувајте ја програмата со
притискање на копчето 8 . Откако
програмата ќе стартува,
преостанатото време се ажурира
секоја минута.
7. На крајот од програмата бирачот
мора да се заврти во положбата O ,
за да се исклучи машината.
8. Извадете ги алиштата.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
Температури
95° или 90°
за нормално валкани бели
памучни и ленени алишта
(на пр. мали чаршафи за
маса, пешкири, чаршафи за
маса, постелнина...)
60°/50°
за нормално валкани делови
од облеката, со постојани
бои (на пр. кошули, ноќници,
пижами...) од памучни или
синтетични влакна и за
лесно валкани бели памучни
(на пр. долна облека)
40°-30°-
студено
за чувствителни предмети
(на пр. мрежести завеси),
мешани алишта, вклучувајќи
ги оние со синтетични и
волнени влакна, кои ја носат
етикетата "чиста нова волна,
се пере во машина, не се
собира"
14 electrolux
Page view 13
1 2 ... 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments