Electrolux EWX14550W User Manual Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
Спречување замрзнување
Кога машината е монтирана на место,
каде што температурата може да падне
под 0°C, постапете на следниот начин:
1. затворете ја славината.
2. Одвртете го доводното црево.
3. ставете го крајот од цревото за
ургентно празнење и на доводното
црево во длабок сад на подот и
пуштете ја водата да истече.
4. Повторно зашрафете го доводното
црево и вратете го на место цревото
за ургентно празнење, откако ќе го
ставите капакот.
5. Кога ќе сакате повторно да ја
користите машината, уверете се дека
температура во просторијата е над
0°C.
Ургентно празнење
Доколку водата не е испуштена,
постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете го штекерот од
приклучницата;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте додека
водата не се излади;
4. ставете длабок сад на подот и
ставете крајот од цревото за ургентно
испуштање во него. Извадете го
капакот. Водата треба да се исцеди
во садот по слободен пад. Откако
садот ќе се наполни, вратете го
капакот на цревото. Испразнете го
садот. Повторувајте ја постапката,
додека водата не престане да тече;
5. доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
6. откако ќе го затворите со капакот,
вратете го цревото за ургентно
испуштање на своето место;
7. повторно зашрафете ја пумпата.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар, прво
изведете ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвената контролна сијалица од копчето
8 да трепка, на екранот да се појави
некоја од следните шифри за тревога и
на секои 20 секунди да се огласува
звучен сигнал, за да укажат дека
машината не работи:
E10 : проблем со доводот на водата.
E20 : проблем со испуштањето на
водата.
E40 : вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 8 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сиве овие проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
24 electrolux
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments