• Тврдокорната нечистотија
исчистете ја со специјално
средство за чистење печки.
• Чистете го целиот прибор после
секоја употреба и оставете го да се
исуши. Користете мека крпа
натопена со топла вода и средство
за чистење.
• Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства
или остри предмети, ниту пак во
машина за миење садови. Тоа
може да предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
10.2 Уреди од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на
печката само со мокар
сунѓер или крпа. Исушете
ја со мека крпа.
Не користете челична
жица, киселини или
абразивни материјали,
бидејќи тие можат да ја
оштетат површината.
Чистете ја контролната
табла на печката со истите
мерки на претпазливост.
10.3 Чистење на заптивката
на вратата
• Вршете редовна проверка на
заптивката на вратата. Заптивката
на вратата е околу рамката на
внатрешноста на печката. Не го
користете апаратот ако заптивката
на вратата е оштетена.
Контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
• За да ја исчистите заптивката на
вратата, видете ги општите
информации за чистењето.
10.4 Вадење на држачи на
решетки
За да ја исчистите печката, извадете
ги држачите за решетки.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
2. Повлечете го задниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид и извадете го.
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
10.5 Чистење на вратата на
печката
Вратата на печката има две стаклени
плочи. Можете да ги извадите вратата
на печката и внатрешната стаклена
плоча за да ги исчистите.
Доколку се обидете да ја
извадите внатрешната
стаклена плоча пред да ја
отстраните вратата на
печката, вратата може да
се затвори.
ВНИМАНИЕ!
Не користете го апаратот
без внатрешната стаклена
плоча.
1. Отворете ја вратата целосно и
држете ги двете шарки.
МАКЕДОНСКИ 47
Comments to this Manuals