
Полека додавајте млеко во мешавината од
јајца и шеќер. Потоа ставете во чиничињата.
– Време во рерната: 40 минути
– Ниво на решетка: 3
ГАРНИР
Ориз
За 4 лица.
Состојки:
• 200 г ориз со долго зрно
• 50 г див ориз
• сол и црн пипер
• 1 мала црвена пиперка
•400 мl бујон
После готвењето:
• 1 мала конзерва слатка пченка (150 г)
Метод:
Ставете ги оризот со долго зрно, дивиот ориз,
солта, црниот пипер, бујонот од зеленчук и
водата во сад половина час пред готвењето.
Подгответе ја пиперката, ситно исечкајте ја,
додадете ја во оризот и гответе ги.
После готвењето:
Исцедете ја пченката и додајте ја во варениот
ориз.
– Време во рерната: 40 минути
– Ниво на решетка: 2
Солени кнедли
За 4 лица.
Состојки/Метод:
• 300 г меки переци
• 200 мл млеко
•3 јајца
• 2 китки магдонос, исечкан
• 2 главици кромид, исечкани на коцки
•10 г путер
• сол, црн пипер, мускатно оревче
Метод:
Загрејте млеко. Исечете ги переците на
парчиња од 1 cm, прелејте ги со стопленото
млеко и оставете ги околу 5 минути да се
натопат. Изматете ги јајцата и додадете ги.
На тивок оган динстајте го кромидот дури не
стане проѕирен, а потоа додајте го
магдоносот. Оставете да се излади, а потоа
додадете го во мешавината со переците.
Зачинете, а потоа внимателно измешајте
заедно. Од мешавината формирајте околу 6
кнедли и ставете ги на рамен сад за парење.
– Време во рерната: 35 минути
– Ниво на решетка: 2
ЦЕЛО МЕНИ
Мени на пареа 1
За 4-6 лица.
Свинска плешка со ориз и зеленчук. Парена
капучино торта за десерт.
Состојки за свинското:
• 1, 000 g свинска плешка
• сол, црн пипер, црвен пипер и кари во прав
Состојки за оризот:
• 200 г ориз
•малу сол
• 250 мл вода
Состојки за зеленчукот:
• 300г моркови
• 300 г келераба
• 300г карфиол
• 200 г пиперки
Состојки за торта капучино:
• 100 г смекнат путер
•90 г шеќер
•2 жолчки
• семки од едно стапче ванила
• 2 супени лажици инстант кафе (растворено
во 50 мл жешка вода)
•2 белки
• 50 г брашно
• 50 г пченкарно брашно
• 1 / 2 лажичка прашок за пециво
Метод:
Зачинете го свинското со сол, црн пипер,
црвен пипер и кари во прав, запржете го
добро од сите страни на рингла и ставете го
во огноотпорен сад. Ставете ги на една од
решетките во печката и стартувајте ја
програмата. Ставете ориз, малку сол и вода
во сад. Подгответе ја парената капучино
торта. Изматете ги заедно путерот и шекерот.
На оваа мешавина додадете ги жолчките од
јајца, семето од ванила и кафето. Изматете ги
белките од јајцата со два прстофата сол
додека не се стврднат. Потоа внимателно
додадете го брашното, пченкарното брашно,
прашокот за печиво и изматеното јајце во
мешавината со путер. Ставете ја мешавината
во мали чинивчиња или чаши кои претходно
24
www.electrolux.com
Comments to this Manuals