
водата. Свртете ги печењето по околу 30
минути.
– Време во рерната: 100 минути
– Ниво на решетка: 1
Печење на швед. начин
За 4-6 особи
Состојки:
• 200g сушени сливи
• 150 мл бело вино
• 1,5 kg свинска слабина или телешки грб
(без коски)
• 1 кромид со средна големина
• Јаболка
• сол, црн пипер и црвен пипер
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино околу 2
часа. Исплакнете го кратко месото со вода,
потоа исушете го. Исечете засеци во долната
страна на месото и забодете слива во секој
засек туркајќи ги колку што може да одат во
месото. Зачинете го месото и ставете го во
плех за печење со страната без сливи
свртена нагоре. Излупете го кромидот и
јаболкото, исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го остатокот од
виното во кое се киснаа сливите до четвртина
литар со вода и сипете го врз печењето.
Гарнир што одговара се крокети, потпечен
компир, брокула или слично.
– Време во рерната: 60 минути
– Ниво на решетка: 1
Телешка коленица
За 4 лица.
Состојки:
• 1 задна телешка коленица 1,5 - 2 кг
• 4 парчиња варена шунка
• 2 супени лажици масло
• 1 лажичка сол
• 1 кафена лажичка благ црвен пипер
• 1/2 кафена лажичка босилок
• 1 мала конзерва сечкани печурки (280 г)
• супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
•вода
Метод:
Исечете 8 разрези околу целата коленица.
Исечете ги четирите парчиња варена шунка
на половина и ставете ги во разрезите.
Измешајте масло, сол, црвен пипер и босилок
и со мешавината намачкајте ја телешката
коленица. Ставете ја телешката коленица во
тава за печење и одозгора распоредете ги
печурките. Додадете супа од зеленчук и вода
во телешката коленица; долниот дел треба да
биде потопен во 10-15 мм течност. Свртете го
печеното месо после отприлика 30 минути.
– Време во рерната: 160 минути
– Ниво на решетка: 1
Дива свиња
За 4 лица.
Состојки:
• 1,5 кг бут од дива свиња (плешка)
•сол
• црн пипер
• супа од зеленчукот од маринадата
• 1 мала конзерва лисичарки
За подготвување на маринадата:
• 1,5 л црвено вино
• 150 г целеров корен
• 150 г моркови
• 2 главици кромид
• 5 ловорови листа
•5 чешниња
• 2 снопчиња зеленчук за супа (морков, праз,
целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се оладат.
Истурете ја маринадата врз месото да го
прекрие и оставете го да се маринира 3 дена.
Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од
маринадата и исушете го. Зачинете го со сол
и црн пипер и запржете го од сите страни во
тавче на рингла. Додадете ги лисичарките и
малку супа од зеленчук од маринадата.
Ставете малку маринада во тавата за
печење. Долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10-15 mm течност. Покријте
ја тавата со капак и ставете ја во рерната.
– Време во рерната: 140 минути
– Ниво на решетка: 1
ЈАДЕЊА ВО РЕРНА
Ѓувеч со зелка
За 4 лица.
Состојки:
8
www.electrolux.com
Comments to this Manuals