Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
изведувате какви било работи на
одржување или чистење, уредот
мора да го исклучите од струја.
Отстранување бигор
Водата што ја користиме обично содржи
бигор. Препорачливо е, во машината
повремено да користите прав за
омекнување на водата. Правете го ова
посебно од перењето на алиштата и
според упатствата на производителот на
омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне
во спречување на таложење на бигорот.
По секое перење
Оставете ја вратата отворена некое
време. Ова помага во уредот да се
спречи создавање на миризба на мувла
и на застоено. Со тоа што ќе ја оставате
вратата отворена по перењето ќе го
сочувате и дихтунгот.
Перење за одржување
Со користење на перења со ниски
температури, можно е да дојде до
таложење на остатоци во внатрешноста
на барабанот.
Препорачуваме редовно да изведувате
перење за одржување.
За да изведете перење за одржување:
• во барабанот не треба да има алишта.
• изберете ја најжешката програма за
перење памучни алишта.
• употребете вообичаена количина
детергент, кој мора да биде во прав и
да има биолошки својства.
Чистење однадвор
Чистете го надворешниот дел од
куќиштето на уредот само со сапуница, а
потоа исушете го темелно.
ВАЖНО Немојте за чистење на
кабинетот да користете метилирани
алкохоли, растворувачи или слични
производи.
Чистење на фиоката на дозерот
Фиоката на дозерот за детергент треба
да се чисти редовно.
Фиоката на дозерот за прашок за перење
и за омекнувач треба да се чисти
редовно.
Извадете ја фиоката така што резето ќе
го притиснете надолу и ќе ја извлечете.
Исплакнете ја под чешма за да
отстранете секакви трагови од
наталожен прашок.
За полесно чистење, горниот дел на
преградата за омекнувач треба да се
извади. Исчистете ги сите делови со
вода.
Исчистете ја комората на фиоката на
дозерот со четка.
electrolux 45
Comments to this Manuals