1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги
упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
• Не смее да биде во дофат на деца меѓу 3 и 8
годишна возраст и лицата со големи и сложени
препреки во развојот освен ако не се под постојан
надзор.
• Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
• Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
• Држете ја амбалажата подалеку од децата и
разрешете се соодветно од него.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога вратата е отворена.
МАКЕДОНСКИ 3
Comments to this Manuals