• Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
• Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 7 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
• Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на добиениот комплет на црева,
или нов комплет од црева кои ќе ги добиете од
Овластениот сервисен центар.
• Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Исчистете ги влакенцата или сите остатоците од
амбалажата кои се насобрале околу апаратот.
• Предметите извалкани со материи како што се
масло за готвење или минерално масло, ацетон,
нафта, керозин, средства за чистење дамки,
терпентин, восоци и средства за отстранување
восок треба да се измијат во топла вода со повеќе
детергент пред да се сушат во машината за
сушење.
• Не го користете апаратот ако предметите се
извалкани со индустриски хемикалии.
• Не сушете неиспрани предмети во машината за
сушење.
• Предмети од гумена пена (пена од латекс), капи за
туширање, водоотпорни ткаенини, предмети со
гумена подлога и облека или перници со подлошки
од гумена пена не смеат да се сушат во машината
за перење и сушење.
МАКЕДОНСКИ 5
Comments to this Manuals