• Омекнувачите за ткаенини или сличните
производи треба да се користат како што е
определено во упатството на омекнувачот.
• Извадете ги сите предмети од алиштата кои може
да предизвикаат пожар како запалки или кибрит.
• Не прекинувајте ја машината за сушење алишта
пред крајот на циклусот за сушење освен ако сите
предмети не се отстранат брзо и распостелат за
да се испушти преостаната топлина.
• Последниот дел од циклусот на машината за
сушење се изведува без топлина (циклус на
ладење) за да се осигура дека алиштата ќе ја
достигнат температурата која нема да ги оштети.
• Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
• Чистете го апаратот со навлажнета крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунгери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
Монтажата мора да биде
направена во согласност
со важечките државни
закони.
• Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
• Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C
или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
• Секогаш држете го апаратот во
вертикална положба кога го
преместувате.
• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
• Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
• Подот каде што треба да се
монтират апаратот мора да биде
рамен, стабилен, отпорен на
топлина и чист.
• Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
• Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
www.electrolux.com6
Comments to this Manuals