Пред да ја замените светилката на печката:
• Исклучете ја печката.
• Извадете ги осигурувачите од кутијата или
исклучете го прекинувачот на струјното
коло.
Ставете крпа на долниот дел од
печката за да спречите оштетување
на светилката на печката и на
стакленото капаче.
Секогаш држете ја халогената
светилка со ткаенина за да спречите
на светилката да изгорат остатоци од
маснотија.
1.
Свртете го стакленото капаче налево за
да го извадите.
2.
Исчистете го стакленото капаче.
3.
Заменете ја светилката на печката со
светилка за печка отпорна на топлина до
300°C.
Употребете ист тип светилка за печка.
4.
Наместете го стакленото капаче.
10.4 Чистење на вратата на
рерната
Вратата на печката има четири плочи од
стакло. За да ги исчистите, можете да ги
извадите вратата на печката и внатрешните
стаклени плочи.
Доколку се обидете да ги извадите
стаклените плочи пред да ја извадите
вратата на печката, вратата би
можела да се затвори.
ВНИМАНИЕ
Не користете го уредот без стаклените плочи.
Вадење на вратата на печката и на стаклената плоча
1.
Отворете ја вратата целосно и држете ги
двете шарки.
2.
Кренете и завртете ги рачките на двете
шарки.
МАКЕДОНСКИ 49
Comments to this Manuals