Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 18

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 17
70 g цели излупени бадеми
Друго:
Црн правоаголен плех за печење со
дијаметар од 24 cm со калап што се
отвора
Маргарин за подмачкување
Лебни трошки за обложување на
плехот
Метод:
Ставете путер, шеќер, ванилин шеќер
и сол во чинија за матење и изматете
ги заедно. Додавајте ги јајцата едно по
едно и повторно изматете ја
мешавината. Додајте го брашното
помешано со прашокот за печво во
пенестата мешавина и измешајте.
Измешајте го и овошјето во
мешавината. Ставете ја мешавината
во подготвениот плех и подигнете ја
мешавината малку погоре кај работ
отколку во средината. Украсете ги
работ и средината на колачот со
целите излупени бадеми. Ставете го
колачот во рерната.
Време во апаратот (мин): 100
Ниво на решетка: 1
7.10 Овошен колач:
Состојки за тестото:
200 g брашно
1 прстофат сол
125 g путер
1 јајце
50 g шеќер
50 ml студена вода
Состојки за филот:
Сезонско овошје (400 g јаболка,
праски, вишни и сл.)
90 g мелени бадеми
2 јајца
100 g шеќер
90 g омекнат путер
Друго:
Тркалезен плех со пречник 28 cm
со брановидни страни, подмачкан
Метод:
Просејте го брашното во сад за
матење и во него додајте сол и путер
исечен на мали парчиња. Потоа
додајте ги јајцата, шеќерот и
студената вода и замесете тесто.
Ладете го тестото 2 часа во
фрижидер. Расукајте го изладеното
тесто и ставете го во подмачканиот
плех и избодете го со вилушка.
Исчистете го овошјето, отстранете ги
семките и лушпите и наредете го во
мали парчиња врз тестото. Ставете ги
мелените бадеми, јајцата, шеќерот и
омекнатиот путер во сад за матење и
изматете ги заедно. Потоа смесата
ставете ја врз овошјето и израмнете.
Време во апаратот (мин): 50
Ниво на решетка: 1
7.11 Пита со козјо сирење:
Состојки за тестото:
125 g брашно
60 ml маслиново масло
1 прстофат сол
3 - 4 супени лажици ладна вода
Состојки за преливот:
1 супена лажица маслиново масло
2 главички кромид
сол и црн пипер
1 кафена лажичка сечкана мајчина
душичка
125 g рикота
100 g козјо сирење
2 супени лажици маслинки
1 јајце
60 ml слатка павлака
Друго:
Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете ги брашното, маслиновото
масло и солта во сад за матење и
мешајте ги додека смесата не заличи
на лебни трошки. Додајте вода и
измесете тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка. Во тавче ставете 1 супена
лажица маслиново мало. Излупете го
кромидот, исечете го на тенки резанки
и покриен динстајте го на масло околу
30 минути. Зачинете со сол и црн
пипер и ставете 1/2 кафена лажичка
сечкан магдонос. Оставете го
кромидот малку да се излади, а потоа
www.electrolux.com18
Page view 17
1 2 ... 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments