Electrolux EGD6576NOK User Manual Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 84
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете го
апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Овој апарат е погоден за следниве пазари:
AL
MK RS TR
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Залепете ги засечените површини со лепак
за да спречите влагата да предизвика
надигнување.
Заштитете го дното од апаратот од пареа и
влага.
Не го монтирајте апаратот во близина на
врата или под прозорец. На овој начин ќе
спречите некој жежок сад за готвење да
падне од апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното од
апаратот и горната фиока да е доволен за
циркулација на воздух.
Проверете дали просторот за вентилација
од 5 mm помеѓу горната работна површина
и предниот дел од апаратот долу е
слободен. Гаранцијата не покрива штета
која е причинета од немање на адекватен
простор за вентилација.
Дното на апаратот може да стане жежок.
Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до дното.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Сите поврзувања на струјата мора да
бидат направени од квалификуван
електричар.
Пред секое поврзување треба да
обезбедите главниот терминал на апаратот
да не биде активен.
24
www.electrolux.com
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 83 84

Comments to this Manuals

No comments