Electrolux ERA36633X User Manual Page 54

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 72
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 53
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на
www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации 54
Контролна табла 56
Прва употреба 60
Секојдневна употреба 60
Помошни напомени и совети 62
Нега и чистење 63
Што да сторите ако... 65
Технички податоци 67
Местење 67
Еколошки мерки 71
Можноста за промени е задржана
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
За ваша безбедност и за да се
обезбеди правилна употреба, пред да
го наместите и да го користите
апаратот првпат, прочитајте го
упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат
непотребни грешки и незгоди, важно е
сите што го користат апаратот да се
темелно запознаени со начинот на
работата и безбедносните функции.
Чувајте го упатството и погрижете се да
биде со апаратот ако се премести или
продаде, за да може секој што го
користи во работниот век да биде
правилно информиран за употребата
на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот
чувајте ги опомените за претпазливост
од ова упатство бидејќи
производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
Безбедност на децата и помалку
вештите лица
Апаратот не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи и деца) со
намалени физички, сетилни или
ментални способности, или што
немаат искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или се упатени за
користење на апаратот од страна на
лице што е одговорно за нивната
безбедност.
Децата треба да се под надзор за да
не си играат со апаратот.
Чувајте ги сите материјали за
пакување далеку од децата. Постои
опасност од задушување.
Ако го расходувате апаратот,
извлечете го кабелот за струја од
штекерот, исечете го (што е можно
поблиску до апаратот) и извадете ја
вратата за да спречите децата што
си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Ако апаратов, кој има магнетизирани
гуми за затворање, треба да замени
постар апарат што има брава со
пружина на вратата или капакот,
погрижете се да ја онеспособите
бравата со пружина пред да го
расходувате стариот апарат. Така ќе
се спречи тој да стане смртоносна
стапица за децата.
Општа безбедност
ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите
за проветрување да не бидат
блокирани.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и пијалаци во
нормално домаќинство, како што е
објаснето во ова упатство.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични
апарати (на пр. мешалки за
сладолед) внатре во ладилници,
освен ако не се одобрени за таква
намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ја инсталацијата за
средството за ладење.
54 electrolux
Page view 53
1 2 ... 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 ... 71 72

Comments to this Manuals

No comments