Electrolux KOE8P81Z Recipe Book Page 4

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 3
Измијте ги младите кромитчиња и
ситно исечкајте ги. Излупете ги
чешнињата лук и исечете ги на
парчиња. Измешајте ги кромидот и
лукот со сечканите домати.
Испрскајте ги филетите лосос со сокот
од лимон и оставете ги да се
маринираат. Потоа исушете ги и
зачинете ги со сол и црн пипер.
Измешајте го зеленчукот со компирите
и ставете ги во подмачкан
огноотпорен сад, зачинете и ставете
го лососот одозгора.
Истурете ги супата од зеленчук и
белото вино врз него и распоредете ги
рузмаринот и мајчината душичка.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 2
2.5 Полнети Лигњи
Состојки:
1 kg средно големи лигњи,
исчистени
1 големa главицa кромид
2 супени лажици маслиново масло
90 g сварен ориз со долго зрно
4 супени лажици пињоли
4 супени лажици рибизли (суво
грозје)
2 супени лажици сечкан магдонос
сол, црн пипер
сок од еден лимон
4 супени лажици маслиново масло
150 ml вино
500 ml доматен сос
Метод:
Силно истријте ги лигњите со сол, а
потоа измијте ги под чешма.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте
го и династајте го со две супени
лажици маслиново масло додека не
стане проѕирен. Во кромидот додајте
ги оризот со долго зрно, пињолите,
рибизлите и сечканиот магдонос и
зачинете со сол, црн пипер и сок од
лимон. Наполнете ги лигњите со
мешавината и добро затворете го
отворот.
Ставете четири супени лажици
маслиново масло во тава на рингла и
исушете ги лигњите. Додадете вино и
сос од домати.
Покријте ја тавата со капак и ставете
ја во апаратот.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 1
3. ЖИВИНА
3.1 Пилешки Копани
Состојки:
4 пилешки копани од по 250 g
250 g милерам
125 ml слатка павлака
1 лажичка сол
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка кари
1 / 2 лажичка црн пипер
250 g сечкани конзервирани
печурки
20 g пченкарен скроб
Метод:
Исчистете ги пилешките копани и
ставете ги во сад за печење.
Измешајте ги останатите состојки и
истурете ја мешавината врз
пилешките копани.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 1
3.2 Полнети Пилешки Гради
Спанаќ во сос од шафран
Состојки:
За 6 лица
400 g спанаќ, обарен
1 прстофат сол
100 g дупли крем од сирење со
пиперка
Свежо мелен црн бибер
6 пилешки гради
2 супени лажици сок од лимон
1 кафена лажичка сенф
100 ml бело вино
150 ml лесна пилешка супа
1 врзоп шафран
4
Page view 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 ... 27 28

Comments to this Manuals

No comments