Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 14

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 13
Додаjте ја зелката и пржете додека да
омекне. Зачинете со сол, црн пипер и
мускатно оревче и внимателно додаjте
ја киселата павлака. Нека крчка
додека да испари целата течност.
Јацата сварете ги тврдо и откако ќе се
изладат, исечете ги на коцки,
измешајте ги со зелката и оставете да
се излади. Размесете го тестото и
исечете кругови со дијаметар од 8 cm.
Ставете малку од филот на средината
на секое кругче и преклопете.
Залепете ги рабовите со притискање
со вилушка. Ставете ги кнедлите во
плех обложен со пергамент хартија за
печење и премачкајте ги со жолчка од
јајце.
Време во апаратот (мин): 20
Ниво на решетка: 3
6.3 Пица:
За 4 лица.
Состојки за тестото:
14 g квасец
200 ml вода
300 g брашно
3 g сол
1 супена лажица масло
Состојки за преливот:
1/2 мала конзерва домати, сечкани
(200 g)
200 g рендано сирење
100 g салама
100 g варена шунка
150 g печурки (конзервирани)
150 g фета сирење
оригано
Друго:
Тепсија за печење, подмачкана
Метод:
Издробете го квасецот во чинија и
растопете го во вода. Ставете ја солта
во брашното и со маслото додаjте ги
во садот. Месете ги состојките додека
не се добие изедначено тесто кое се
одвојува од чинијата. Покријте го
тестото и оставете го да нарасне на
топло место додека не стане двојно
поголемо. Расукајте го тестото и
ставете го во подмачкан плех за
печење, избодете го дното со
вилушка. Ставајте ги состојките за
филот врз тестото по дадениот
редослед.
Време во апаратот (мин): 25
Ниво на решетка: 1
6.4 Француски киш:
За 2-4 лица.
Состојки за тестото:
200 g брашно
2 јајца
100 g путер
1/2 кафена лажичка сол
малку црн пипер
1 прстофат мускатно оревче
Состојки за преливот:
150 g рендано сирење
200 g варена шунка или посна
сланина
2 јајца
250 g кисела павлака
сол, црн пипер и мускатно оревче
Друго:
Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете брашно, путер, јајца и зачини
во чинија за мешање и измешајте до
изедначено тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка. Распоредете ја сланината
врз тестото. За да го направите
филот, измешајте ги заедно јајцата,
киселата павлака и зачините. Потоа
додајте го сирењето. Истурете го
филот врз сланината.
Време во апаратот (мин): 45
Ниво на решетка: 1
www.electrolux.com14
Page view 13
1 2 ... 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments