Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
средината. Исечете го квасецот и
ставете го во дупката. Измешајте го со
млекото и со малку шеќер и малку
брашно од работ, попрскајте го со
брашно, оставете го да нарасне на
топло место додека брашното
попрскано на нараснатиот квасец не
покаже пукнатини. Ставете ги
остатокот од шеќерот, солта, јајцето и
путерот на работ од брашното. Сето
заедно измесете го во изедначено
квасно тесто. Оставете го тестото да
нарасне на топло место додека не
стане двапати поголемо. Потоа
измерете три парчиња од тестото со
еднаква големина и секое од нив
оформете го во лента. Исплетете ги
трите ленти заедно. Потоа покријте ја
плетенката и оставете ја да нарасне
уште половина час. Премачкајте ја
површината на плетенката со
мешавина од жолчка и млеко и потоа
ставете ја во рерната.
Време во апаратот (мин): 50
Ниво на решетка: 3
8.3 Бел леб:
Состојки:
1000 g брашно
1 коцка свеж квасец или 2
пакетчиња сув квасец
650 ml млеко
15 g сол
Друго:
Плех за печење подмачкан или
обложен со пергамент хартија за
печење
Метод:
Ставете ги брашното и солта во
голема чинија. Растворете го квасецот
во млако млеко и додајте го во
брашното. Сите состојки заедно
измесете ги во изедначено тесто. Во
зависност од карактеристиките на
брашното, можеби ќе треба да
додадете уште малку млеко за да се
постигне изедначено тесто. Оставете
го тестото да нарасне додека не
постигне двапати поголем волумен.
Испечете го тестото на два дела,
направете две долги векни и ставете
ги во плехот за печење кој е
подмачкан или прекриен со пергамент
хартија за печење. Повторно оставете
ги векните да нараснат уште половина
од нивниот волумен. Пред печењето,
посипете ги со малку брашно и со
остар нож засечете 3-4 дијагонални
линии со длабочина од најмалку 1 cm.
Време во апаратот (мин): 55
Ниво на решетка: 2
8.4 Милиброд со квасец:
Состојки за тестото:
650 g брашно
20 g квасец
200 ml млеко
40 g шеќер
5 g сол
5 жолчки
200 g омекнат путер
Состојки за филот:
250 g сечкани ореви
20 g лебни трошки
1 лажичка мелен ѓумбир
50 ml млеко
60 g мед
30 g стопен путер
20 ml рум
Состојки за глазурата:
1 жолчка
малку млеко
50 g снегулки од бадеми
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Исечете го квасецот,
ставете го во дупката и измешајте го
со млекото и со малку шеќер и малку
брашно од работ, попрскајте го со
брашно. Оставете го да кисне на
топло место додека наросеното
брашно на квасецот не испука.
Ставете го остатокот од шеќерот на
работ на брашното. Сето заедно
измесете го во изедначено квасно
тесто. Оставете го тестото да нарасне
на топло место додека не стане
двапати поголемо. За филот,
измешајте ги сите состојки заедно.
Поделете го тестото на три еднакви
делови и развлечете ги во долги
правоаголници. Распоредете една
третина од филот на секој
www.electrolux.com24
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments